Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија
Економија

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

20/01/2025

AA

И покрај големиот број на инвестиции во обновливи извори на енергија, земјава и натаму е зависна од увоз на струја за што троши милиони евра. Не само што изградбата на проектот Чебрен не е на повидок, туку допрва земјата треба да ги спроведе новите енергетски закони и да ја имплементира зелената транзиција за ослободување од јаглен.

Националниот оператор на пазарот за електрична енергија МЕМО ги објави податоците за 2024 од каде се гледа дека е намалено и годишното производство за домашни потреби и дека е зголемен реалниот увоз на електрична енергија.

Минатата година, според првичниот табеларен извештај на МЕМО, сме произвеле 4,58 милиони мегаватчасови електрична енергија за домашни потреби, а сме увезле дури 2,06 милиони мегаватчасови струја за задоволување на внатрешната потрошувачка. Во соодносот, процентот на увоз е безмалку 45 отсто.

За споредба, една година претходно, според критериумите на МЕМО, сме произвеле електрична енергија од 5,07 милиони мегаватчасови за продажба на домашниот пазар, а за истите потреби во 2023 сме увезле 1,47 мегаватчасови. Учеството на увозот тогаш било само 29 проценти.

Големата зависност на Македонија од увоз на електрична енергија, што зафаќа околу 30 отсто од вкупните потреби на пазарот, се очекуваше во последните години постепено да се намалува, според новата стратегија што беше донесена во 2020. Главен предуслов за тоа беше зголемувањето на производството на струја од домашни извори, како и инвестирање во нови капацитети, пред се, од обновливи извори на енергија.

На политички план партиите си ја префрлаат меѓусебно одговорноста. Од актуелната власт тврдат дека нивните претходници не инвестирале во нови производствени капацитети и нови наоѓалишта на јаглен, додека од опозицијата обвинуваат дека нивните наследници ги задоволуваат своите бизнис интереси, а граѓаните плаќаат високи трошоци за електрична енергија.

– Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети. Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска во своето најново интервју изминатиот викенд на прашањето како планитра земјата да се справи со енергетската зависност.

Претходно ЕСМ објави дека купува струја за цел месец јануари, што значи дека и во новата година ќе се трошат милиони за набавка на електрична енергија за да се покријат домашните потреби. Се бараа над 74 илјади мегаватчасови. Во декември беа направени две набавки, во вредност од околу 20 милиони евра.

Во годишната евиденција на МЕМО пишува дека ЕСМ во текот на целата 2024 купил струја од 995 илјади мегаватчасови, додека во 2023 бројката е 774 илјади мегаватчасови.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК

23/09/2026
Македонија

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ

23/09/2026
Македонија

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3

23/09/2026
Македонија

АКО КУПИТЕ НОВ СТАН ВО ГРАНД СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ И

23/09/2026
Македонија

СУДСКИОТ СОВЕТ ЈА ИСТРАЖУВА СОСТОЈБАТА ВО КУМАНОВСКИОТ СУД ПО ПОПЛАКИТЕ

23/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА ВРЕДИ НЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ, НО Е СПРЕМНА Касами

23/09/2026
Македонија

ГРУБИ ДАВАШЕ ЗАБЕЛЕШКИ НА ДОКАЗИТЕ ШТО ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ИЗНЕСУВАШЕ ПРОТОВ

23/09/2026
Македонија

ШАСИВАРИ ЌЕ ГО ПРЕЗЕНТИРА РЕШЕНИЕТО ЗА ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ Во октомври

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45751
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОСТАНОК НА ЕУ СО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЊУЈОРК Присуствува и македонската делегација предводена

23/09/2026

Македонската делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, денеска треба да

СЕ ВОДАТ НА БОЛЕДУВАЊЕ, А РАБОТАТ НА ДРУГО МЕСТО ИЛИ ПАТУВААТ Целта на контролите е

23/09/2026

Има бројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат, има ситуации во кои луѓе се

ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОД ВОЗДУХ ЌЕ СЕ НАПУШТИ ЗА 3 ДО 5 ГОДИНИ Ќе се

23/09/2026

Од 19 септември нема нови случаи на хоспитализација со западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести. Значи, четврти ден нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy