Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА – како прилепската фабрика лани го удвои својот профит
Економија

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА – како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

19/03/2024

AA

Првите луѓе на
прилепска „Витаминка“ имаат причини да го отворат шампањското за да го
прослават минатогодишниот финансиски резултат. Не само што лани
успеале да остварат добивка од над 1,1 милиони евра, туку и таа е зголемена за
повеќе од два пати во однос на една година претходно, или за цели 130 проценти.

Но, иако овој
финансиски резултат е за поздравување, тој не се должи на зголемени оперативни
приходи од работење на компанијата, напротив, тие се намелени во однос на 2022
година.

Да видиме што
покажува Билансот на успех на компанијата, а од кој, за волја на вистината, не
може многу да се разбере како дојде до толку значајно зголемување на добивката,
во услови кога приходите не успеаја да го достигнат нивото од претходната
споредбена година.

Единствено што како
појаснување го дава компанијата е дека приходите се намалиле поради пониската
цена на маслото за јадење во 2023 година, во однос на „страшната“ 2022, кога
цените на зејтинот достигнуваа фантастично високи вредности, а кои беа и двојно
поголеми од сегашните. Притоа, веројатно сите знаат дека „Витаминка“ од поодамна ја купи
фабриката „Брилијант“, па сега во нејзиниот асортиман е и производството на зејтин,
кој, пак, го задржа својот добро познат бренд на пазарот.

Иако се намалени за
девет проценти, оперативните приходи на компанијата биле сосема солидни и
изнесувале 56,6 милиони евра. Од нив најголем дел отпаѓаат на приходи од
продажба и тоа 55,5 милиони евра, што е сниожување за 10 проценти во однос на
2022 година.

Ако подетално се
гледаат приходите, токму она што загрижува е падот на приходите на домашниот
пазар. Имено, тие изнесувале 34,6 милиони евра, и во однос на една година
претходно се намалени за 16 проценти.

Од извоз, пак,
односно од продажбата на „Витаминка“ во странство се остварени приходи од 20,9
милиони евра, што е раст за три проценти.

„Во структурата на
вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на
производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10 отсто. Падот на вкупните приходи е во корелација со
оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на
цената на маслото за јадење“, се вели во образложението кое компанијата го
испратила до Македонската берза.

Компанијата лани
имала намалени расходи, и тоа за повисок процент од мнамалувањето на приходите.
Или, нејзините вкупни трошоци изнесувале 54,6 милиони евра, што е намалување за
16 отсто во однос на лани.

Најголем расход се
трошоците за суровини, кои во однос на 2022 година се намалени за 23 отсто.

А, „Витаминка“,
која јасно кажува дека лани немала нови вработувања, сепак ги зголемила
трошоците за плати, што значи дека ги зголемила платите на своите вработени.
Тие лани изнесувале 7,9 милиони евра и се зголемени за 18 отсто во однос на
една година претходно.

Како резултат на
сето ова е остварена оперативна добивка од 2,3 милиони евра, и тука има еден
неверојатен податок во Билансот на успех, а тој е дека оперативната добивка е
зголемена за фантастични 3.647 проценти, а од истиот тој документ не може да
се сфати на што се должи овој огромен пораст.

Во делот на
финансиските приходи, тие биле незначителни и изнесувале само 82 илјади евра
што во однос на претходната година е пад за дури 93 проценти, а финансиските
расходи тежеле 1,1 милиони евра и кај нив има раст од 49 проценти.

Па, како резултат
на сето ова, добивката по оданочување е 1,11 милиони евра, односно таа е
зголемена за 130 проценти во однос на 2022.

Компанијата
известува и за инвестиции, околу 1,6 милиони евра, и генерално инвестицијата се
однесува на купувањето на опрема, недвижен имот, градежна реконструкција и
адаптирање.

Вкупните единечни обврски
по долгорoчни и краткорочни кредити на 31.12.2023 година изнесувале над 24 милиони евра и во споредба со состојбата
една година претходно, бележат пад од 9 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ИСТОРИСКИ ИСЧЕКОР Е ШТО ВЛАДАТА ГО УСВОИ ПРЕДЛОГОТ ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ

10/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПРАВИ ХИСТЕРИЈА ЗА АЛТА БАНКА ЗА ДА Ѝ НАШТЕТИ

10/11/2026
Македонија

СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ГО СКРАТИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Од викендот заладување

10/11/2026
Македонија

ПРЕД ДА ПРОГЛАСУВАТЕ ИСТОРИСКИ ПОБЕДИ, ПОЧЕКАЈТЕ ГИ СТРУЧНИТЕ СТАВОВИ НА

10/11/2026
Македонија

ЕУ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ Е ЦЕЛОСНА БЕЗ ЗЕМЈИТЕ ОД

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46710
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК Полицијата да реагира, дигиталниот простор

10/11/2026

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на сериозноста на содржините објавени на социјалната мрежа Фејсбук, насочени кон новинарката

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАИЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА МИХАЛОВА Избеганата обвинува за „државен

10/11/2026

Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска на граничниот премин Делчево бил спроведен службен разговор со бабата на Ива Михаилова,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy