Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА – како прилепската фабрика лани го удвои својот профит
Економија

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА – како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

19/03/2024

AA

Првите луѓе на
прилепска „Витаминка“ имаат причини да го отворат шампањското за да го
прослават минатогодишниот финансиски резултат. Не само што лани
успеале да остварат добивка од над 1,1 милиони евра, туку и таа е зголемена за
повеќе од два пати во однос на една година претходно, или за цели 130 проценти.

Но, иако овој
финансиски резултат е за поздравување, тој не се должи на зголемени оперативни
приходи од работење на компанијата, напротив, тие се намелени во однос на 2022
година.

Да видиме што
покажува Билансот на успех на компанијата, а од кој, за волја на вистината, не
може многу да се разбере како дојде до толку значајно зголемување на добивката,
во услови кога приходите не успеаја да го достигнат нивото од претходната
споредбена година.

Единствено што како
појаснување го дава компанијата е дека приходите се намалиле поради пониската
цена на маслото за јадење во 2023 година, во однос на „страшната“ 2022, кога
цените на зејтинот достигнуваа фантастично високи вредности, а кои беа и двојно
поголеми од сегашните. Притоа, веројатно сите знаат дека „Витаминка“ од поодамна ја купи
фабриката „Брилијант“, па сега во нејзиниот асортиман е и производството на зејтин,
кој, пак, го задржа својот добро познат бренд на пазарот.

Иако се намалени за
девет проценти, оперативните приходи на компанијата биле сосема солидни и
изнесувале 56,6 милиони евра. Од нив најголем дел отпаѓаат на приходи од
продажба и тоа 55,5 милиони евра, што е сниожување за 10 проценти во однос на
2022 година.

Ако подетално се
гледаат приходите, токму она што загрижува е падот на приходите на домашниот
пазар. Имено, тие изнесувале 34,6 милиони евра, и во однос на една година
претходно се намалени за 16 проценти.

Од извоз, пак,
односно од продажбата на „Витаминка“ во странство се остварени приходи од 20,9
милиони евра, што е раст за три проценти.

„Во структурата на
вкупните приходи најголемо учество, 98 отсто, имаат приходите остварени од продажба на
производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2022 година за извештајниот период бележат пад од 10 отсто. Падот на вкупните приходи е во корелација со
оперативното работење за извештајниот период и најголемо влијание има падот на
цената на маслото за јадење“, се вели во образложението кое компанијата го
испратила до Македонската берза.

Компанијата лани
имала намалени расходи, и тоа за повисок процент од мнамалувањето на приходите.
Или, нејзините вкупни трошоци изнесувале 54,6 милиони евра, што е намалување за
16 отсто во однос на лани.

Најголем расход се
трошоците за суровини, кои во однос на 2022 година се намалени за 23 отсто.

А, „Витаминка“,
која јасно кажува дека лани немала нови вработувања, сепак ги зголемила
трошоците за плати, што значи дека ги зголемила платите на своите вработени.
Тие лани изнесувале 7,9 милиони евра и се зголемени за 18 отсто во однос на
една година претходно.

Како резултат на
сето ова е остварена оперативна добивка од 2,3 милиони евра, и тука има еден
неверојатен податок во Билансот на успех, а тој е дека оперативната добивка е
зголемена за фантастични 3.647 проценти, а од истиот тој документ не може да
се сфати на што се должи овој огромен пораст.

Во делот на
финансиските приходи, тие биле незначителни и изнесувале само 82 илјади евра
што во однос на претходната година е пад за дури 93 проценти, а финансиските
расходи тежеле 1,1 милиони евра и кај нив има раст од 49 проценти.

Па, како резултат
на сето ова, добивката по оданочување е 1,11 милиони евра, односно таа е
зголемена за 130 проценти во однос на 2022.

Компанијата
известува и за инвестиции, околу 1,6 милиони евра, и генерално инвестицијата се
однесува на купувањето на опрема, недвижен имот, градежна реконструкција и
адаптирање.

Вкупните единечни обврски
по долгорoчни и краткорочни кредити на 31.12.2023 година изнесувале над 24 милиони евра и во споредба со состојбата
една година претходно, бележат пад од 9 проценти.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy