
Зеќири осуден на 2 години и 6 месеци затвор
Поранешниот генерален секретар на Владата, Муахамед Зеќири е осуден на две и пол години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Исто така Зеќири треба да врати и над 71 милион денари во државниот буџет.
Во оваа пресуда, која не е правосилна, се пресметува и времето што Зекири го помина во куќен и во ефективен притвор
Како што кажа судијката Фанка Јанчулева Михаиловска за време на пресудата, Зеќири склучил договор во четири очи, без да се даде можност за конкурентски понуди.
