Зеќири не беше донесен на судење, се разболел
Во Кривичниот суд денеска се одложи рочиштето против поранешниот генерален секретар Мухамед Зеќири.
Имено, тој не бил спроводен од куќен притвор поради болест, јавува Фокус.
Адвокатот Мирослав Вуиќ за „Фокус“ истакнал дека се надева дека до следното рочиште, кое е закажано за една недела, ќе оздрави. Тој ќе биде однесен на лекување во клиничкиот центар.
Според обвинението, Зеќири е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, односно дека како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.