Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Здравствените работници излегоа на протест, бараат покачување на платите за 30 отсто
Македонија

Здравствените работници излегоа на протест, бараат покачување на платите за 30 отсто

19/10/2023

AA

Независниот синдикат на здравствените работници и административно техничкиот персонал денеска во Скопје и неколку градови од внатрешноста организираше протест на членството во знак на незадоволство од висината на платите.

Тие бараат покачување на платите за 30 отсто, четири проценти инфективен додаток, бенефициран стаж за целото здравство, како и промена на колективниот договор, бидејќи како што го кажа претседателот на Независниот синдикат на геријатрија, Лазо Костовски, во постоечкиот колективен договор има доста неправилности кои треба да се изменат.

-Имавме средба во Министерство за здраво со шефот на кабинет, меѓутоа со нив не можевме да постигнеме договор затоа што не зависи од нив покачувањето на платите, туку од Министерството за финансии. Во овој момент Министерството за здравство располага со многу помал буџет, за разлика од изминатите години, затоа не можеме да ги имаме ниту тие покачувања кои требаше да ги имаме до сега. Во буџетот на здравство нема пари, но има во централниот буџет. Ние гледаме дека овие наши функционери сакаат на некој начин да го смират народот, со најавата дека ќе ги намалат коефициентите на нивните плати, а тоа ќе трае до јануари месец, кога ќе го имаат покачувањето од 300 до 500 евра, фактички тоа нивно покачување ќе биде намалено и тие ќе си останат на истите овие плати кои што ги имаат сега, рече Костовски на денешниот протест.

За следниот чекор Синдикатот ќе расправа дополнително, вели Костовски, но како што рече можна е радикализација на протестите.

-Треба сега во овој момент да ги повикам приватните здравствени установи, односно матичните лекари, да прекинат да даваат упати, без разлика за каде, освен на оние што се со кардиоваскуларни заболувања, онколошки заболувања или дијабетичари, но што ќе стане после? Изгледа единствен начин е тој, бидејќи со оваа Влада не гледам друг спас, рече Костовски.

Премиерот Димитар Ковачевски, во одговор на новинарско прашање за протестите на здравствените работници, рече дека барањата на синдикатите се легитимни, но треба да бидат ставени и во однос на тоа со што располагаат даночните обврзници, бидејќи како што рече, работата на здравствените установи се плаќа од здравствениот фонд.

-Здравствениот фонд е сопственост на оние коишто уплаќаат здравствено осигурување- ваш, на вашиот колега, на колегата до вас, не навлегувајќи во националната припадност на кој било што уплаќа во здравствениот фонд и од тој аспект би кажал дека треба да се видат барањата коишто се и во рамки на можностите, во рамки на процедурите, Министерството за здравство да поразговара што е она што може да биде имплементирано. Меѓутоа, она што досега е направено и она што досега е потпишано и реализирано навистина е многу повеќе под тоа што беше направено во минатото, рече Ковачевски.

Здравствените работници протестираат во Скопје, Крушево, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Гостивар, Тетово и Кичево.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy