Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Здрава е, но и скапа за повеќето граѓани – имаме ли навика да купуваме бамја?
Економија

Здрава е, но и скапа за повеќето граѓани – имаме ли навика да купуваме бамја?

30/09/2023

AA

Во Македонија
годинава и бамјата има повисока цена за разлика од лани и претходните години.

Трајче Ангелов,
трговец од Штип смета дека луѓето помалку ја купуваат од порано, затоа што
според него, цената од 300 до 350 денари за граѓаните е проблем.

„Во Штип има
неколку производители на бамја, ја садат, но народот послабо ја купува поради
цената“, вели тој.

Прилепчанка
раскажува дека бамјата кај нив ја бараат, затоа што малку ја има годинава, како
и многу други производи, а цената е висока.

„Јас лично би
дала 300 или 350 денари за килограм бамја, но за некого веројатно е скапо.
Порано ја садев, имам печка за сушење на зеленчук, па ја користев сушена,
конзервирана или замрзната. Сега сум во години и веќе ми е тешко да ја
произведувам“, вели жена од Прилеп.

Љупчо Ефремоски
од Прилеп веќе 20 години произведува и продава бамја.

„Имам редовни
муштерии, постарите ја купуваат, а младите од 20 или 30 години не знаат што е
тоа, ме прашуваат на пазар да не е боранија. Цената е 200 денари за килограм.
Во Скопје сигурно е полесно за продажба,  Прилеп е помал, нема толку многу луѓе“, рече
Ефремоски.

Марија Кочовска
од Битола вели дека нејзиниот родител произведувал бамја неколку години, и тоа
по 100 килограми на годишно ниво, но сега прекинале, затоа што поради климатските
промени не успева како порано. Со исти проблеми се соочуваат и другите луѓе кои
садат бамја. Дел од растенијата се уништени од неповолните временски услови.

„Имавме мали
површини со бамја. Интересот за бамјата
зависи од регион до регион. Во Битола имаше интерес од постарите градски
семејства, а помладите не ја бараат. Можам да кажам дека 95 отсто од купувачите
беа од Битола“, рече Кочовска.

Сепак, има и
граѓани кои се свесни за здравствените бенефити од бамјата и ја користат редовно.

„Јас многу сакам
бамја. Купив два килограми деновиве, на пазарите ја има. На еден пазар во
Скопје, на 4-5 тезги ќе најдете бамји, по цена од 200 денари за килограм
свежите, а оние кои се малку овенати се поевтини. Садев бамја претходно,
така што постојано си раѓа, а плодовите се берат додека се млади. Во Турција не
прават манџа без бамја, многу е здрава“, вели Надежда Трајановска од Скопје.

Бамјата е богата со витамините Ц и К,
но и на магнезиум и витамин А. Бамјите се добри за имуниот систем и здравјето на коските, тие се погодна храна за дијабетичари, за слабеење, за бремени жени и се храна добра
за одржување на здравиот вид. Антиоксидантите
од бамјата се покажале и како добри за здравјето
на мозокот. Во Африка и Азија бамјата
се употребувала уште пред 3.000 години. За разлика од пред 10 години, сега во светот за 25 отсто се зголемило
производството на бамјата. Индија, Нигерија, Мали, Судан  се едни од најголемите производители на бамја
во светот.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/bowonpat

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy