Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?
Економија

Здравјето нема цена! Кои се најголемите аптеки, како заработуваат и колку вработуваат?

18/06/2024

AA

Аптеките се многу значајна, па можеби и суштинска алка во системот што обезбедува здравствени услуги за населението. Тие не се само компании ориентирани кон профит. Нивна основна работа е да бидат добро снабдени што значи ажурно, навремено и без грешка менаџирање на логистиката за достава на лекови и медикаменти кои се насушна потреба на граѓаните. Веројатно и затоа што бара особена внимателност ова важи за женски бизнис. Овие компании имаат големи приходи, но и многу вработени. Тоа е во природата на нивната дејност. Сепак резултатите покажуваат дека имаат нешто заедничко што наведува на алтруизам. Затоа што профитот не е целта за која не се бираат средства, добивките не се нивен врвен приоритет. Напротив, заработките се ниски дури и многу мали во споредба со остварените приходи. А за воља на вистината вреди да се каже дека се често присутни кога се донира и треба да се помогне. Ова ја потврдува хуманата и алтруистичката нота на овој еснаф, особено во изминативе години кога сите бевме под пресијата на корона вирусот и периодот пост…

Анализата на податоците наведува на генерален заклучок дека бизнисот расте, но и дека постои потенцијал за понатамошен раст на аптекарската дејност.  

Првата поента докажува дека нема значајни поместувања во редоследот на тоа кој е кој на пазарот. На пазарот има три синџири аптеки кои се вон конкуренција за другите аптекарски компании. Тие се: „Зегин Фарм“ кој е убедливо најголем учесник на пазарот и двајцата меѓусебно големи конкуренти „Еурофарм“ од Битола и „Моја аптека“ од Скопје. Сите други се во групата на помали, но важни, за кои висок дострел е приход на годишно ниво кој ја допира границата од 5 милиони евра.

„Зегин Фарм“ е најголемиот синџир аптеки на македонскиот фармацевтски пазар. Компанијата со децении останува најпрепознатлив бренд во снабдувањњето со лекови, медикаменти, медицински помагала, а во поново време и за суплементи, па и козметички продукти и други стоки за широка потрошувачка. Основач на компанијата во најраниот период на пазарната трансформација во Македонија беше Благоја Меџанџиски – Зегин, а од пред неколку години овој голем бизнис успешно го превземаа, водат и развиваат неговите ќерки.

Втората поента покажува дека на пазарот на лекови и медикаменти има простор за сите. Односно сите рангирани во нашата анализа (критеримот беше приход од најмалку 200 милиони денари) книжат раст на приходите во споредба со претходната 2022 година.

Голема е веројатноста дека во значаен дел приходите да растат заради влијанието на инфлацијата врз малопродажните цени. Во одреден дел растот на приходите е резултат и на зголемената побарувачка за медикаменти, суплементи, лекови и други продукти кои се нудат во аптеките. А забележливо е дека аптеките нудат поширока палета и на продукти за лична хигиена, па и за исхрана.

Третата поента е дека сите рангирани годината ја завршиле со добивка од работењето. Со оглед на тоа дека конкуренцијата во аптекарската дејност е навистина голема и бројна нивните резултати покажуват дека бизнисот е здрав и потенцијалот за раст е голем.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy