Збогум Зоки Фаци: Погребот закажан за во недела во Катланово!
Стефан Лазаров соработникот и пријател на Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци соопшти дека погребот на новинарот ќе биде во недела во 12:00 часот во црквата Св.Никола во Катланово, а во 13:00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово. Зоки Фаци почина утрово по долго и тешко боледување од канцер.