Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗБОГУМ ЗА ЕВТИНИТЕ БАДЕМИ И ИНДИСКИ ОРЕВИ, А ЌЕ ПОСКАПАТ И НЕКОИ ВИДОВИ КАШКАВАЛИ – Финансии се огласи околу новите стапки на ДДВ
Економија

ЗБОГУМ ЗА ЕВТИНИТЕ БАДЕМИ И ИНДИСКИ ОРЕВИ, А ЌЕ ПОСКАПАТ И НЕКОИ ВИДОВИ КАШКАВАЛИ – Финансии се огласи околу новите стапки на ДДВ

06/10/2023

AA

Со соопштение околу цените по промените кај ДДВ, што сдоздаде огромна неизвесност и револт кај граѓаните, се огласи Министерството за финансии.

Оттами тврдат дека основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5 отсто како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи.

„Листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5 отсто кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана.

Одлуката содржи над 1.600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5 отсто. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, кефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, кечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени…..

На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5 отсто.

Од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10 отсто се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје.

На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата.

Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓунродниот монетарен фонд и истатата е за поголема правично, праведност и заштаита на стандардот на граѓаните. Исто така предлог-листата во рамки на инклузивниот процес што се водеше за воспоставување на новиот даночен концепт, беше споделена со сите засегнати страни и подолг период беше споделена со јавноста и преку веб-страната на Министерството за финансии.

Примената на овие две одлуки не влијаат на донесената одлука на Владата за замрзнати цени на основните производи, затоа што тие производи опфатени со владината одлука се дел од листата со повластена даночна стапка од 5% и кај нив нема промена.

Република Северна Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана останува да се оданочува со повластена стапка на ДДВ а најголем дел од истата односно основните човечки производи продолжуваат да се оданочуваат со пониска повласта стапка од 5 отсто“, напишаа од Финансии во своето соопштение до јавноста.

Ова следува откако јавноста беше збунета откако вчера од одредени трговци беа објавени поголема листа на производи кои би имале стапка на ДДВ од 10 отсто и кои би морале да имаат повисоки цени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy