
Збогум со стил: Крос со уште еден голем трофеј ја заврши клупската кариера
Како и да заврши на тој шампионат, Крос во пензија заминува како европски првак на клупско ниво бидејќи вечерва со Реал триумфираше во елитното континентално натпреварување. Се погрижи и да стави печат на вечерашното финале бидејќи асистираше за првиот гол на мечот, дело на Дани Карвахал.
Крос ја завршува кариерата како ко-рекодер во Лигата на шампионите по бројот на освоени трофеи – 6, колку што имаат Модриќ, Начо и Карвахал со тоа што со Реал дојде до пет, а една освои со Баерн.