Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАВРШУВА ЕРАТА НА НЕТОЧНИ БРОИЛА! „Опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните“
Економија

ЗАВРШУВА ЕРАТА НА НЕТОЧНИ БРОИЛА! „Опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните“

23/02/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно работи на воведување системски решенија кои ќе ја зголемат заштитата на граѓаните и ќе обезбедат поголема транспарентност и контрола врз мерењето на потрошената енергија. Во таа насока, министерката Божиновска бара, во најкраток можен рок, Бирото за метрологија да ја стави во функција софистицираната опрема за тестирање и верификација на броилата, која поради неажурност во претходните години останала неискористена и не била ставена во функција.

Станува збор за машина – Трофазен систем за мерење на електрична енергија и моќност, која повеќе од 7 години седи неупотребена во подрумските простории на Бирото. Со ставањето во употреба на оваа опрема, крајна цел е, освен верификација на мерилата, и да се испитува исправноста на мерилата по жалба на потрошувач, за која Божиновска инсистира да биде спроведувана и заради честите поплаки и барања од граѓаните.

Минатата недела, Министерката Божиновска при посетата на
Бирото за метрологија изврши обиколка на опремата со цел да се утврди нејзината
состојба. Веднаш беа дадени насоки да се започне со сите потребни активности за
нејзино итно активирање. По што доби уверување од раководството на Бирото дека веднаш
ќе се распише потребниот тендер за проверка на функционалноста, инсталација и
пуштање во употреба на опремата, како и обука на вработените, по што ќе може да
започне со проверки на броилата.

Со оваа мерка, граѓаните ќе добијат можност за независна
проверка на исправноста на своите броила, директно во државна институција. Ова
ќе овозможи секој сомнеж за неправилно фактурирање да се провери со прецизни и
официјални мерења, при што граѓаните ќе добијат јасен и недвосмислен одговор за
состојбата на нивниот инструмент.

Истовремено, ова ќе претставува дополнителен механизам на
контрола врз компаниите кои ги инсталираат и одржуваат броилата, со што ќе се
обезбеди поголема правичност во наплатата на потрошената енергија и ќе се
намалат можностите за неправилности. Министерството останува посветено на
заштитата на правата на граѓаните и воведување механизми кои ќе обезбедат фер и
точен систем на мерење.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026
Македонија

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И

16/02/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на

16/02/2026
Македонија

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф

16/02/2026
Македонија

Предложени мерки за скопјанец – ја оштетил компанијата каде работел

16/02/2026
Македонија

Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето

16/02/2026
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41531
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар во куќа во Македонска Каменица: Спасен 80-годишен маж

16/02/2026

На 15.02.2026 во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во

МЕНАЏЕР ВО ПРОДАВНИЦА ВО ЧАИР СИ ПРИСВОИЛ 45.000 ЕВРА И НЕ ГИ ВРАЌА Обвинителството поведе

16/02/2026

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело Затајување. „Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена

ПОЛИЦАЈЦИ СПАСИЈА 80-ГОДИШЕН МАЖ ОД ЗАПАЛЕНА КУЌА Бил заглавен на тераса на вториот кат

16/02/2026

На улицата 14 Јуни во Македонска Каменица вчера на пладне избил пожар во приватна куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80). Полициски службеници

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy