
Завршницата на ракометниот Куп ќе се игра во Охрид од 11 до 13 мај
Вардар лани против Пелистер ја освои двојната круна со победата во финалето во Кавадарци, а годинава црвено-црните ќе го бранат пехарот на завршницата во која ќе играат најголемиот ривал Пелистер, потоа Алкалоид кој е дебитант во оваа фаза во Купот и Пролет.
Металург, пак, го брани трофејот кој лани го освои во финалето против Ѓорче Петров, а покрај девојките од Металург на годинешниот фајнлфор ќе играат и ЖРК Вардар, Ѓорче Петров и Куманово.
Охрид на почетокот на оваа година беше домаќин и на Суперкупот.
Според распоредот во четврток на 11 мај би се играле двете полуфиналиња во машка, а во петок двете полуфиналиња во женска конкуренција, додека финалињата би биле во сабота.

