Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Заврши времето на лаги и манипулиции на 700 дечиња и млади“, утре протест на лицата со дијабетес
Македонија

„Заврши времето на лаги и манипулиции на 700 дечиња и млади“, утре протест на лицата со дијабетес

20/07/2023

AA

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија најави дека во петок во 19 часот ќе протестира пред Министерство за здравство, бидејќи не добиваат терапија. Тие во соопштение до јавноста велат дека се потрошило нивното трпение и дека поминале сите рокови Министерството за здравство и Владата да им набави инсулин, и дека се чувствуваат изманипулирани што децата со оваа состојба немаат пумпи, сензори и глукомери.

„После најдолгото трпение, најголемата конструктивност, најпосветени за соработка. После многу инвестирање во достоинството наше на лицата со дијабетес завршија сите рокови, логички правни, измислени и смислени манипулации. Заврши времето на лаги и обезличување на 150.000 граѓани, на 45 лица си дијабетес на Инсулин.
Нашето Министерство за здравство и Владата ги манипулираа 700 дечиња и млади со пумпи, сетови за пумпи, сензори, глукомери и со терапија! Имаме најиновативна инсулинска и анти – дијабетна терпаија. Благодариме, НО НЕ ЈА ДОБИВАМЕ! “, стои во соопштението од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Сојузот велат дека протестот пред Министерството за здравство ќе биде предупредувачки мирен протест за безбеден и квалитетен живот на лицата со дијабетес.

„На овој протест повикуваме на достоинствено однесување, без насилство, нарушување на јавен ред и мир!

СЗДСМ Како организатор, не поддржува и однапред се оградува од какво било насилство, изрази на омраза, повици на немири и нарушувања на јавниот ред и мир!’, соопшти Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Од Сојузот напоменуваат дека  ова е протест на лицата со дијабетес и се оградуваат од какви било други ознаки, присвојувања и обиди за негова инволвиораност во меѓу партиски, политички и други видови на пресметки.

„Сите ќе не почитувате доколку не поддржите во нашите барања“, стои во соопштението на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy