
Заврши судскиот процес за четворицата турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип
Судскиот процес за четворица турски државјани, обвинети дека во мај минатата година му помогнале на Кадир Кара, кој во кафуле во центарот на Штип уби свој сонародник, денеска ја заврши фазата на изнесување докази и давање искази од сведоци.
Портпаролот на Основен суд Штип, судија кривичар Сашко Георгиев, информира дека денеска сведочеа сведоци за четвртообвинетото лице, а завршните зборови на одбраната и обвинителството се закажани за 18 февруари во 12:30 часот.
Претходно, обвинетиот Кадир Кара призна вина за убиството на својот сонародник во кафулето на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, по што му беше изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата по завршување на казната во македонски затвор.Заврши судскиот претрес за четворица турски државјани обвинети за помагање при извршување на убиство во кафуле во Штип

