Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши расправата за разрешување на замениците министри
Македонија

Заврши расправата за разрешување на замениците министри

28/02/2023

AA

Во Собранието вечерва заврши расправата за разрешување на замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование. Седницата, како што најави претседателот на Собранието Талат Џафери ќе продолжи утре во 14 часот. На дневен ред на оваа седница е и изборот на нови заменици министри.

Во вечерашното продолжение на 104. седница зборуваа само пратеници од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Рашела Мизрахи му порача на премиерот Димитар Ковачевски дека по владеењето на СДСМ ќе има системска, финансиска и општествена одговорност. Мизрахи рече дека во државата се случува тотален колапс во сите сфери.

Пратеничката потсети дека Ковачевски редовно го посетувал штабот на ВМРО-ДПМНЕ и праша дали тој ја заменил реториката „ако не можеш да ги победиш, тогаш приклучи им се“ само за да е блиску до власт без разлика која и да е.

Според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ оваа Влада во недостаток на резултати секогаш се обидува да се сокрие под превезот на евроинтеграцијата.

-Токму вчера пристигна европскиот шамар за оваа нова владина коалиција. Австрискиот амбасадор јасно укажува со упатување на писмо, но и до членовите на Комисијата за европски прашања во кое јасно ви вели дека го злоупотребувате европското знаме за ваши бизнис интереси, односно за закон кој нема врска со европската регулатива. Тоа е јасен демант дека оваа Влада тешко може да работи на европската иднина на Македонија, рече Петрушевска.

Седницата за реконструкција на Владата тече веќе трета недела. Синоќа беа избрани новите министри од Алијанса за Албанците и СДСМ, а утре се очекува да се гласа за разрешување на замениците министри и да почне дебатата за изборот на нови заменици министри.

Премиерот Ковачевски за заменици министри ги предлага Тирон Јајага во Министерството за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ во Министерството за правда, Вјолца Бериша во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева во Министерството за здравство и Агим Нухиу во Министерството за образование.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy