
Заврши расправата за Меџити, во тек е за Алиу – ќе ги разрешат ли пред полноќ?!
Собранието вечерва ја заврши расправата по предлогот за разрешување на министерот за здравство Фатмир Меџити, а гласањето ќе се спроведе по завршување на расправата за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Инаку, Меџити и Алиу се разрешуваат на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери, откако тие се изјаснија дека го поддржуваат лидерот на Алијаса за Албанците, Арбен Таравари кој пак најави дека ќе ја поддржи албанската опозиција на изборите.
На местото на Меџити е предложен Илир Демири, додека за министер за информатичко општество и администрација е Наим Бајрами.