
Заврши обдукцијата на закопаната жена во Гостивар: Убиена со огнено оружје – продолжен притвор на осомничениот
Од Јавното обвинителство информираат дека завршена е обдукцијата на починатата и според првичниот наод таа е лишена од живот со огнено оружје.
„По наредба на јавен обвинител, се врши вештачење на траги подигнати од неколку локации.
Се вршат и претреси и се преземаат други истражни дејствија.
Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, а јавниот обвинител до судот предложи 48-часовен притвор и за другото лице кое вчера беше задржано во полициска станица“, велат од таму.
Претходно, јавен обвинител во текот на ноќта изврши увид во атарот на гостиварското село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице закопано во дупка.
