Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири – пресуда на први декември
Македонија

Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири – пресуда на први декември

23/11/2023

AA

Заврши главната расправа за судењето на Мухамед Зеќири, кој се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Завршни зборови имаа Обвнителството, одбраната и главниот осомничен, по што Кривичниот суд ја закажа пресудата за први декември.

Застапникот на обвинението, обвинителката Катерина Коларевиќ рече дека осомничениот Мухамед Зеќири без да спроведе јавна набавка, директно склучувал договори со правни лица кои работеле под сомнителни околности.

Процесот почнал кога на предлог на вицепремиерот Фатмир Битиќи, владата заклучила дека е потребно да се спроведе постапка за да се направи физибилити студија во врска со македонски пошти и Железници Транспорт, а задолжен за постапката бил Мухамед Зеќири во улога на генерален секретар.

-Наместо обвинетиот да спроведе постапка за јавна набавка, тој склучил директно договор со правото лице друштво за менаџмент, консултантски услуги и трговија „Интерхолдинг дуо“, кое било основана само 12 дена пред донесувањето на конкретниот заклучок на Владата. Од сите докази очигледно е дека од постоењето на правното лице обавува само една единствена соработка со секретаријатот на Владата, седиштето на правното лице на ден 13 април 2022 година е најдено заклучено, ниту биле најдени вработени лица. Произлегува дека правното лице единствено било основано заради извршување на договорот склучен со секретаријатот на Владата, истакна обвинителката.

Според обвинителката Колариќ, имало фактури со вкупна сума 57.932.100 денари, кои биле во целост исплатени од страна на Владата.

Обвинителката додаде дека генералниот секретаријат имал склучено уште еден договор тесно поврзан со осомничениот Мухамед Зеќири.

Обвинителката рече дека обвинетиот го оштетил Буџетот на државата и предложи обвинетиот да ги подмири сите штети, обвинителствто му предложи на судот да спроведе постапка за конфискација на имотот, но и на парични средства пронајдени во сефот кај сопругата на осомничениот, со образложение дека тие претставуваат парични средства на обвинетиот.

Одбраната посочи дека Јавното обвинителство не доставило доволно докази за да докаже дека осомничениот со директна умисла ги правел активностите, а во текот на постапката се покажало дека Мухамед Зеќири само спроведувал постапки исклучиво по наредба на Владата, а врз основа на одлуки донесени од Владата. Во однос на предлогот на обвинителството за одземање на средствата на сопругата на осомничената, одбраната оцени дека тоа би било незаконски и нечовечки затоа што осомничениот доставил писмени докази за потеклото на тие средства.

-Зеќири писмено докажа од каде потекнуваат средствата на неговата сопруга и дека тие потекнуват од нејзините родители и се уредно пријавувани, барањето на обвинителството за запленување на овие средства е незаконски, но и нечовечки, поради состојбата во која се наоѓа сведокот, посочи Владмир Андреевски.

Зеќири се изјасни за невин и рече дека само извршувал активности за кои бил задолжен со одлука на Владата.

– Владата во својата работа донесува заклучоци во која ги задолжува органите да постапуваат, мене ме задолжија да ги споредам сите активности, а во заклучокот немаше предвидена јавна набавка. Обвинението дека со умисла сум направил некаква штета, кога јас како генерален секретар само извршував владин заклучок, што беше и моја законска службена обврска. Ако кривичното дело злопуотреба на положбата може да се стори исклучиво со умисла, никако не можам да бидам обвинет за такво кривично дело бидејќи јас извршував само туѓа замисла, посочи тој.

Зеќири се товари дека во периодот од април 2021 до јануари 2022 година во својство на генерален секретар на Владата, без да спроведе јавна набавка, склучил договори за консултантски услуги во вкупна вредност од речиси еден милион евра, односно биле платени 147.000 евра повеќе од претходно договорените 795.000.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева Михаиловска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy