
Затворски казни за сите обвинети во случајот „Дурмо Турс“ – највисока од 14 години за возачот
Обвинетите во случајот Ласкарци судот попладнево ги прогласи за виновни оти не се придржувале до стандардите за превоз на патници и со тоа предизвикале опасност по животот и здравјето на патниците.
16 лица загинаа во сообраќајната несреќа кај Ласкарци откако автобус на „Дурмо турс“ излета од патот Скопје-Тетово во 2019 година. Во несреќата 30 лица беа повредени.
Иако при техничкиот преглед биле утврдени проблеми кај автобусот, сепак било издадено одобрување за вклучување на автобусот во сообраќајот.
Во автобусот имало тахограф но тој имал и копче со кое се регулирал, па при несреќата забележана е помала брзина од реалната, рече денеска судијката Диана Груевска Илиевска која ја соопшти пресудата. Целта била возачите да не плаќаат сообраќајни казни за брзината со која се возел автобусот.
