
Затворена познатата плажа во Њујорк, откако ајкула нападна жена
Њујорк ја затвори популарната плажа Рокавеј, откако 50-годишна жена во понеделникот вечерта беше касната од ајкула, соопштија властите.
Жената пливала кога ајкулата ја каснала за нога, пишува Би-Би-Си. Спасувачите ја извлекле од водата и и пружиле прва помош, по што била пренесена во болница.
Лекарите рекоа дека таа е во критична, но стабилна состојба со длабока рана на бутот.
Инцидентот е прв потврден напад од ајкула на плажата Рокавеј во последно време.
Државата Њујорк ова лето виде бројни средби на човек и ајкула на плажите на Лонг Ајленд. Експертите велат дека повеќе ајкули пливаат поблиску до брегот поради затоплувањето на водите како резултат на климатските промени.
Гувернерот на Њујорк рече дека испраќа уште беспилотни летала за скенирање на ајкули во близина на брегот за спасувачите да можат да преземат мерки на претпазливост доколку е потребно.
Експертите велат дека нападите од ајкули се исклучително ретки. Според податоците, во 2022 година имало само осум неиспровоцирани каснувања, а ниту еден не бил фатален.
