Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Затворен гасовод на северот на Европа: „Воопшто не сакам да шпекулирам за причината за истекувањето“
Македонија

Затворен гасовод на северот на Европа: „Воопшто не сакам да шпекулирам за причината за истекувањето“

08/10/2023

AA

Гасоводот што ги поврзува Финска и Естонија беше исклучен во неделата по невообичаен пад на притисокот, веројатно предизвикан од истекување на гас, објавија операторите, финскиот Гасгрид и естонскиот Елеринг.

Гасгрид најави дека се уште не е позната причината, а испораките на гас засега се стабилни.

„Воопшто не сакам да шпекулирам за причината за протекувањето“, изјави извршната директорка Јане Гронлунд за Ројтерс. Тој додаде дека гасоводот е изолиран за да се спречи натамошно истекување.

Гасоводот Balticconnector долг 77 километри меѓу Инга во Финска и Палдиски во Естонија го преминува Финскиот залив, крак на Балтичкото Море што се протега на исток во руските води и завршува во пристаништето Санкт Петербург.

Минатата година гасоводите „Северен тек“ што ги поврзуваат Русија и Германија беа оштетени во експлозии, а истрагата покажа дека се работи за намерна саботажа.

Падот на притисокот во неделата го забележаа финскиот Гасгрид и естонскиот Елеринг непосредно пред 2 часот по полноќ по локално време, објави финската компанија.

Елеринг најави дека потрошувачите во Естонија ќе добиваат гас од соседна Латвија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy