
Затворен автопатот од Скопје кон Тетово – има запален автомобил
До нашата редакција неколку граѓани доцна вечерва информираа дека автопатот од Скопје за Тетово е целосно затворен.
„Ја поминавме прва патарина и натаму не можеме. Полицијата не извести дека треба да се вратиме за Скопје“, ни напиша вечерва наш читател.
Во моментов според првични неофицијални информации станува збор за запален автомобил, па затоа едната насока од автопатот е целосно затворени.
Од АМСМ до моментов нема дополнителни информации.