Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАСТАНА КОНТРА ИЛОН МАСК КОЈ БАРА ПАУЗА ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Бил Гејтс се чуди: Не разбирам кој би можел да го запре напредокот
Економија

ЗАСТАНА КОНТРА ИЛОН МАСК КОЈ БАРА ПАУЗА ЗА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Бил Гејтс се чуди: Не разбирам кој би можел да го запре напредокот

06/04/2023

AA

Ко-основачот на Мајкрософт и филантроп, Бил Гејтс, рече дека паузата во развојот на вештачката интелигенција (ВИ), што ја бара шефот на Твитер, Илон Маск и повеќе од 1.000 експерти, не е решение за предизвиците што ги носи оваа технологија.

Гејтс во интервју за Ројтерс рече дека не е јасно како ќе функционира паузата во развојот на вештачката интелигенција на глобално ниво и сугерираше дека потенцијалот на вештачката интелигенција треба да се искористи на најдобар можен начин.

– Вештачката интелигенција носи огромни придобивки, тоа е јасно, и ние треба да ги идентификуваме областите на развој на вештачка интелигенција кои би можеле да бидат проблематични. Не разбирам кој би можел да го запре развојот на вештачката интелигенција. Дали секоја земја би се согласила на ваква пауза?, рече Гејтс и додаде дека има многу различни мислења на оваа тема.

Агенцијата соопшти дека тоа е првиот јавен коментар на Бил Гејтс за отвореното писмо на Илон Маск и група експерти и директори за вештачка интелигенција во индустријата, кои повикаа на најмалку шестмесечна пауза во развојот на вештачката интелигенција.

Потписниците на отвореното писмо, објавено од непрофитниот институт „Иднина на животот“, бараат мораториум на развојот на вештачката интелигенција додека не се постигнат заеднички безбедносни протоколи за такви достигнувања, пренесе британската агенција.

– Моќните системи за вештачка интелигенција треба да се развиваат само кога ќе бидеме убедени дека нивните ефекти ќе бидат позитивни и кога ќе можеме да управуваме со ризиците што ги содржат, се наведува во писмото, пренесува Ројтерс.

(Ројтерс/Танјуг)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy