
Засилени активности на еко-патролата на ЈП Комунална хигиена Скопје
Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врши секојдневен надзор на
дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано
непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.
Во текот на
месецот март се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за
лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст
отпад.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден
спроведоа активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во
централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба.
Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на бул.Јане
Сандански, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно
пет кубни метри кабаст и градинарски отпад.
