Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАРАДИ КАТАКЛИЗМАТА ВО ГРЦИЈА, НЕПОЗНАТ Е БРОЈОТ НА ЗАГЛАВЕНИ ГРАЃАНИ: Заглавените на сите начини бараат помош
Регион

ЗАРАДИ КАТАКЛИЗМАТА ВО ГРЦИЈА, НЕПОЗНАТ Е БРОЈОТ НА ЗАГЛАВЕНИ ГРАЃАНИ: Заглавените на сите начини бараат помош

08/09/2023

AA

Преку грчките телевизии, жители од поплавените подрачја, заглавени со часови без вода и храна, меѓу кои и стари лица, бараат помош и упатуваат апел што побргу да стигне помош и да бидат спасени,  јави дописничката на МИА од Атина. 

Бројот на оние кои се заглавени во поплавените објекти во околината на Кардица, Трикала и Волос, засега е непознат, исто како што е непознат и бројот на исчезнати лица, додека пак бројот на жртвите во невремето „Даниел“ се зголеми на седум загинати.

Паралелно, со хеликоптери, со чамци и булдожери, продолжува и масовната акција за спасување на луѓето од поплавените грчки подрачја. 

Во спасувачката акција од воздух се вклучени хеликоптери на противпожарната служба и на армијата, меѓу кои еден Синук, а стотини граѓани од утрово се префрлени на безбедни локации.

Не е мал бројот на оние, кои исто така преку грчките телевизии, ги бараат своите роднини и пријатели со кои имаат загубено контакт и не знаат дали се живи, а поради прекинот на електричната енергија им се празни мобилните телефони, или не успеале да се спасат во поплавите.

Крајбрежната служба на Грција денеска спаси и девет туристи од Германија од плажа во областа Пилио.

Официјално од почетокот на невремето „Даниел“ во вторникот, животот го загубија седум лица, но во Грција постои страв дека оваа бројка може значително да се зголеми.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy