Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запрена истрагата за шестмина полициски службеници за пожарот во „Пулс“
Македонија

Запрена истрагата за шестмина полициски службеници за пожарот во „Пулс“

28/01/2026

AA

Запрена е истрагата за шестмина полициски службеници и началници кои беа осомничени за кривичното дело „предизвикување општа опасност“ во случајот со трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, дознава Телма.

Обвинителството оценило дека нивните овластувања не биле поврзани со проверка на противпожарните мерки, туку со сообраќајната безбедност и паркинг-просторот на објектот. Поради ова, тие повеќе не се гонат за смртните последици од пожарот, туку истрагата за нив може да продолжи само во насока на евентуална „злоупотреба на службената положба“.

Во одлуката на обвинителот се наведува дека според Законот за угостителска дејност:

„Во конкретниот случај, тие требало да извршат проверки само во делот дали биле исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедноста во сообраќајот“.

Како резултат на оваа одлука, Кривичниот суд во Скопје веќе ги укина мерките за претпазливост за дел од осомничените кои претходно поминаа и еден месец во притвор.

Истрагата за пожарот во „Пулс“, во кој животот го загубија 62 лица, а над 210 беа повредени, сè уште опфаќа околу 20 други полицајци. Паралелно, веќе е започнат судски процес против 35 лица и три компании, меѓу кои се сопствениците на објектот, тројца градоначалници на Кочани, двајца поранешни министри и повеќе инспектори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
Македонија

Мицкоски: Обвинителството веднаш да влезе во ИЈЗ и АХВ, имало

29/07/2026
Македонија

Нови три случаи на западнонилска треска во Македонија, двајца пациенти

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани на средба со Лукровски

29/07/2026

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026

Денеска (29.07.2026), во периодот од 07.00 до 12.00 часот, спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy