Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започнува берзанското тргување со електрична енергија во Македонија, познати првите 20 учесници
Економија

Започнува берзанското тргување со електрична енергија во Македонија, познати првите 20 учесници

09/05/2023

AA

Утре за прв пат со работа ќе започне Македонската берза на електрична енергија, која ќе биде имплементирана и водена од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ – Скопје. На почетокот берзата на електрична енергија ќе се одвива во границите на земјава и ќе биде по принципот ден-однапред. Досега струја се купуваше само преку тендери и билатерални договори. Овој тип на пазар се очекува да донесе посигурно снадување со струја за големите потрошувачи, поправични цени, помали загуби и поголема транспарентност.

Од МЕМО за „Фактор“ велат дека досега се регистрирани 20 компании-учесници, кои имаат можност да отпочнат со тргување на 10 мај. Станува збор претежnо за снабдувачи со електрична енергија, а меѓу нив се и ЕСМ Продажба, фирмата која купува и продава електрична енергија за најголемиот домашен производител, а тука е и операторот за пренос на електрична енергија МЕПОСО.

Меѓу 20-те учесници се и словенечкиот снабдувач ГЕН-И, како и инвеститорот од истата земја – Интеренерго, кој во последно време гради ветерени и соларни паркови во Македонија. Ќе тргува и скопската гасна централа АД ТЕ-ТО и фирмата за тргување РЕС, каде што сопственички удел има поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. 

Ќе учествува и британскиот снабдувач и инвеститор ЕФТ, како и ЕДС, компанијата на грчкото електростопанство. На листата е и Енерџи Активе, која исто како и ЕДС, е една од најголемите компании кои ги снабдуваат со електрична енергија државните институции и редовно учествуваат на распишаните тендери. Пријавена за тргување е и ЕТМТ Енерџи, компанијата позната и по тоа што купува и продава струја за ЕСМ. Ќе учествуваат и ОКТА и Макстил, компании инаку со друга приоритетна дејност во своето работење, како и двете фирми-ќерки на ЕВН – Снабдување и Електрани.  Останатите се Универзал Енерџи, АОТ Енерџи, Елнор, Дуферко и Sentrade.

– Има 20 учесници и системот е подесен, односно се е подготвено за тргувањето да започне онака како што треба. Тргувањето во првиот ден ќе заврши околу 10.45 претпладне, а резултатите, односно цените, ќе бидат објавени околу 13.00 часот, вели Симон Шутиновски, директорот на МЕМО, фирма-ќерка на МЕПСО.

Според него, конечно ќе добиеме референтна цена на струјата, која сега се пресметува според унгарската берза ХУПЕКС, што инаку е поразлична од онаа цена која би била во Македонија. Официјалното заживување на проектот за домашна Берза на струја, почна со промената на Законот за енергетика во 2018 година, со што беше формално целосно либерализиран пазарот на електрична енергија и законодавството беше прилагодено со третиот енергетски пакет на европското законодавство.

А:К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy