
Започна Светското првенство во ракомет, Македонија утре во Вараждин го игра првиот меч
29. Светско првенство во ракомет во 17:30 часот го отворија Италија и Тунис, а ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.
Денеска се закажани четири натпревари.
Од 17:30 часот ќе бидат отворени СП Италија и Тунис, а натпреварот ќе го судат браќата Амар и Дино Коњичанин од Босна и Херцеговина.
Половина час подоцна Франција ќе ги одмери силите со Катар.
Од 20:30 часот се закажани два натпревари во кои се среќаваат: Австрија – Кувајт и Данска – Алжир.
Утре ќе се одиграат уште осум натпревари за прв гол. Четири од 18 часот: Чешка – Швајцарија, Египет – Аргентина, Холандија – Гвинеја и Португалија – САД.
Од 20:30 часот се закажани уште четири натпревари: Хрватска – Бахреин, Унгарија – Северна Македонија, Норвешка – Бразил и Германија – Полска.
Група А (Хернинг): Германија, Чешка, Полска, Швајцарија
Група Б (Хернинг): Данска, Италија, Алжир, Тунис
Група Ц (Пореч): Франција, Австрија, Катар, Кувајт
Група Д (Вараждин): Унгарија, Холандија, Северна Македонија, Гвинеја
Група Е (Баерум): Норвешка, Португалија, Бразил, САД
Група Ф (Баерум): Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле
Група Г (Загреб): Словенија, Исланд, Куба, Зеленортските Острови
Група Х (Загреб): Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин
