Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна изградбата на обиколница Тетово
Македонија

Започна изградбата на обиколница Тетово

13/02/2024

AA

Во близина на населеното место Требош денеска се означи почетокот на градежните работи за изградба на обиколница Тетово.

На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Талат Џафери заедно со членови на Владата, директорот на ЈП за државни патишта, градоначалници, пратеници и граѓани.

Инвестицијата е вредна 12,2 милиони евра, во прва фаза ќе се гради обиколница од 5,4 километри со две ленти од по три метри од клучката кај н.м Требош до Непроштено.  Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека овој проект е од огромно значење за сите жители на Полошкиот регион.

“ Изградбата на оваа обиколница несомнено е проект со кој ќе го забрзаме економскиот развој на регионот, ќе го растеретиме сообраќајот и ќе го олесниме пристапот на многу компании кои работат во овој дел на државата.   Оваа инвестиција од преку 12 милиони евра е значаен придонес за развој на патната мрежа низ Северна Македонија, но верувам дека ќе биде огромно олеснување за сите граѓани од Тетово, Желино, Теарце, Јегуновце и сите останати од Полошкиот регион. Преку 2 милијарди евра инвестираме само во изградба и модернизација на целокупната патна мрежа во земјава. И ова за нас како ресорно министерство е од исклучително значење во  спроведувањето на националните транспортни политики”, изјави министерот Бочварски.

Министерот за финансии Фатимр Бесими во своето обраќање истакна дека капиталните инвестиции во континуитет се зголемуваат.

“ Промовираме проекти со кои создаваме европски услови и квалитет на живот. Проекти со кои обезбедуваме побрз транспорт за граѓаните и бизнисот, безбедност во сообраќајот, почист воздух и друго. Проекти со кои Европа ја создаваме овде дома. Изградбата на обиколницата на Тетово е само дел од поголемата слика сочинета од инфраструктурни проекти од 2,4 милијарди евра за кои има активни договори со меѓународните финансиски институции и дел од капиталните расходи кои се предвидени во буџетот и кои постојано растат. Во 2019 година тие изнесуваа 290 милиони, во 2020 година 260 милиони евра, минатата година се зголемија на ниво од 708 милиони евра, а годинава се на историско највисоко ниво од 735 милини евра“, рече министерот Бесими.

Директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми потенцираше дека овој проект се реализира со средства од буџетот на Јавното претпријатие.

“ Денеска сме тука да го одбележиме почетокот на изградба на обиколницата на Тетово преку клучката Требош. Овој важен инвестициски проект е во вкупна вредност од 12,2 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на ЈПДП. Предвидени се да се изградат 5,4 км пат, односно обиколницата ќе има по две коловозни ленти од двете страни во ширина од вкупно 6. 6 метри. Исто така од двете страни на патот ќе има паралелни тампонски сервисни патишта по целата должина на делницата со ширина од околу 3 метри. Рокот за изградба е 15 месеци, односно во мај 2025 година треба да заврши изградбата на првата фаза. Паралално со изградбата на првата фаза се проектира втората фаза а тоа е изградба на клучка Требош”, истакна Рустеми во своето обраќање.

За граѓаните и компаниите ова е исклучително важен проект со кој ќе се зголеми продуктивноста, економскиот развој и безбедноста во сообраќајот во регионот, потенцираше градоначалникот на општина Теарце, Нухи Незири.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Визбегово сѐ уште е активен

05/05/2026
Македонија

Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

05/05/2026
Македонија

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир

04/05/2026
Македонија

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на

04/05/2026
Македонија

Муцунски: Регионот и ЕУ бараат решение за летниот метеж на

04/05/2026
Македонија

Скопјанка пријавила сограѓанка која носела повредено новороденче!

04/05/2026
Македонија

Тетовчанка лажела маж од Косово дека е бремена, тој и

04/05/2026
Македонија

Осум часа по пожарот цело Скопје смрди на чад

04/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43071
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Визбегово сѐ уште е активен

05/05/2026

Пожарот што избувна вчера во Визбегово сè уште е активен, но е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување

Авионска дезинсекција во четврток во Скопје против ларви од комарци

05/05/2026

Од Град Скопје утрово информираа дека на 7 мај, четврток, во раните утрински часови, ќе се реализира авионска дезинсекција на

ФОТО Сообраќајна несреќа кај „Џевахир Мол“ во Аеродром: Верижен судир на повеќе возила

04/05/2026

Вечерва во скопската населба Аеродром, поточно пред трговскиот центар „Џевахир Мол“, се случи сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе возила.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy