Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети товарни возила од половина милион евра на  компанија поврзана со тендери за РЕК Битола
Економија

Запленети товарни возила од половина милион евра на компанија поврзана со тендери за РЕК Битола

13/11/2023

AA

Кривичниот суд Скопје на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција замрзна имот на компанијата Салус Плус Битола со забрана да користи и отуѓува транспортни и патнички возила во вкупна вредност од 520.000 евра.

ОЈО за организиран криминал и корупција се сомнева дека оваа фирма и нејзиниот сопственик и управител Александар Наумов, како осоменичен, се вовлечени во злосторничко здружување, како и даночно затајување по две основи. Обвинителството барањето го испратило на 27 октомври, а Кривичен суд го прифатил на 31 октомври.

Станува збор за компанија која пред два месеци го променила името во Салус Плус Битола, а претходно се викаше „Новоматрикс“ и беше позната по тоа што склучи два договори за технолошко чистење на рудниците на РЕК Битола вредни над 3 милиони евра, при што вториот договор лани го доби во постапка со директни преговори.

Осомничениот Наумов претходно беше управител на „СВ-Инвест“ која во 2021, како што тогаш известуваа медиумите, отиде во стечај со вкупно признаен долг кој надминува 25 милиони евра кон доверителите, а пред тоа добиваше милионски тендери од ЕСМ . „Новоматрикс“ во меѓувреме продолжи да добива слични договори од ЕСМ. „СВ-Инвест“ отиде во стечај иако претходно прикажуваше милионски добивки и беше една од најбрзорастечките битолски компании.

Меѓу запленетите возила, според вредноста, доминираат товарните, меѓу кои има 13 камиони и едно приклучно возило-приколка. Повеќето се релативно нови и произведени од пред неколку години а марките се MAN, Ford и Mercedes-Benz.

„Привременета мерка може да трае најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или може да биде укината по службена должност. Сите дејствија врз имотот што е предмет на обезбедување, а се преземени по поднесување на барањето за привремени мерки, се ништовни“, гласи барањето на Обвинителството до Централниот регистар, а истовремено на МВР му се наложува да изврши прибелешка на возилата.

Со новата власт се појавија и нови играчи за тендерите на ЕСМ. Првично тоа беше фирмата „СВ-Инвест“, а од неодамна, меѓу другите, и фирмата „Новоматрикс“, која за 2020, како што претходно објавуваа медиуми, прикажала вкупни приходи од 4,6 милиони евра, додека годините пред тоа воопшто ги немала.

„Основното обвининителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапките што ги спроведува, а воедно и заради почитување на институтот пресумпција на невиност, во моментов не е во можност да одговори на вашите прашања“, гласи одговорот кој го добивме од ОЈО за организиран криминал и корупција по неколку поставени прашања.

Од ова Обвинителство, каде што и онака транспарентноста кон јавноста е на оскудно ниво, особено со доаѓањето на Ислам Абази на чело, засега не кажуваат за кое дело поконкретно станува збор и во која фаза е овој случај? Дали ќе има понатамошни заплени, освен моторни возила, и колкав имот, односно со колкава вредност, треба да биде запленет? Дали случајот опфаќа и други лица и од кога датумски е инициран?

Александар Кузмановски


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy