
Запленети 749 пиротехнички средства во Скопје!
Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
