Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари
Македонија

Запленети 4,5 илјади парфеми, облека, обувки со потпис на познати трговски марки, 323 штеки цигари, воздушна пушка и разна техничка стока вредна 1,8 милиони денари

26/03/2025

AA

Мобилни тимови и царински службеници во седум случаи запленија вкупно 4.486 парчиња облека, парфеми, обувки и други производи со потпис на познати трговски марки:

Mобилен тим заплени 225 парфеми со потпис на познати трговски марки, како Gisada, Paco Rabbane, Louis Vuitton, Jean Paul Gautter, Carolina Herrera откако истите ги пронајде во кабина на камион со бугарски регистарски таблички. Возачот на камионот, инаку македонски државјанин, производите ги скрил во креветот во кабината на камионот, при што истите сакал да ги прошверцува во државата. Против него е поднесена соодветна пријава.

Mобилен тим заплени 1.664 парчиња детска облека со ознаки на заштитени трговски марки поради  сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на стока наменета за фирма од Штип пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3.

Во друг случај при контрола на камион натоварен со стока од испраќач од Грција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица мобилен тим заплени  915 чанти и ранци, 270 ремени и 40 детски куфери, со декларирана вредност од 850 евра, поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост.

На излез од државата на граничниот премин Блаце мобилен тим заплени 267 парчиња облека поради основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион со албански регистарски таблички, натоварен со стока од испраќач од Турција, наменета за увозник од Албанија.

432 парфеми и 81 пар женски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени во камион со македонски регистарски таблички пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, натоварен со стока со потекло од Турција, а наменета за увозник од Косово.

Македонски државјанин се обидел нелегално да внесе во државата 93 парчиња облека со потпис на заштитени трговски марки преку граничен премин Меџитлија. Истите се пронајдени во багажниот простор и во просторот за резервната гума на автомобилот со кој патувал. Стоката е откриена при контрола на автомобилот со кој патувал. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на автомобилот, во багажниот простор и во просторот за резервна гума ги пронајдоа непријавените производи.

На граничен премин Дојран се запленети 282  парчиња облека, 270 парчиња бижутерија и друга стока поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Производите се пронајдени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција.

Во три случаи мобилни тимови и царински службеници запленија и 175 парчиња облека и обувки:

104 пара машки обувки се пронајдени во две торби сместени во багажникот и околу резервната гума на автомобил со кој двајца косовски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Богородица.

Мобилен царински тим во соработка со мобилна единица на МВР заплени 62 пара женски обувки, кои се откриени при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин.

Службата за мобилни скенери на влез во државата на граничен премин Табановце при извршена контрола на камион заплени девет јакни. Непријавените производи се откриени во креветот во кабината на камион со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин.

Запленети 323 штеки цигари со вкупна вредност од 694 илјади денари, што царински службеници и мобилни тимови ги открија при контрола на возила и патници:

231 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 1,5 кг тутун без акцизни маркички, со вкупна вредност од 367.130 денари се откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патните торби на двајца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Царинските службеници од царинската испостава Аеродром Скопје и припадници на Граничната меѓуагенциска единица селектираа патници поради контрола на нивниот багаж, при што по извршената контрола со помош на скенер, во патните торби на еден патник биле пронајдени 203 штеки цигари и 1.500 грама тутун, а во патната торба на друг патник биле пронајдени 28 штеки цигари.

Царински службеници на влез во државата на граничен премин Богородица спречија шверц на 33 штеки цигари коишто биле скриени во фабрички прегради на два камиони.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1

18/06/2026
Македонија

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026
Македонија

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони

18/06/2026
Македонија

Радев одби средба со Мицкоски: „Немаме што повеќе да си

18/06/2026
Македонија

Бугарскиот амбасадор во Скопје апелира: Отворените граници се лек против

18/06/2026
Македонија

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило

18/06/2026
Македонија

Мемов: Ангажирањето на пензионерите во приватниот сектор е од корист

18/06/2026
Македонија

Полициска акција низ повеќе градови: Уапсени 11 лица поради дрога

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43804
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1 јули

18/06/2026

ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ соопшти дека во периодот од 22 јуни до 1 јули 2026 година ќе бидат привремено укинати повеќе

Македонска државјанка се удави на Халкидики

18/06/2026

Безживотното тело на 75-годишна државјанка на Република Северна Македонија беше извлечено од морето кај Неа Каликратија, Халкидики. Жената со амбулантно

МЕГА-АФЕРА ВО ФФМ: Двајца поранешни претседатели „испумпале“ над 180 милиони денари, полицијата приведе 12 лица

18/06/2026

Во голема координирана акција на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Министерството за внатрешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy