
Запленета поголема количина брендирана стока без документација
Вчера, околу 20 часот на наплатна рампа Романовце, на автопатот Скопје-Куманово од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ, бил лишен од слобода Д.Ц. (30) од Крива Паланка.
При преглед на возилото „ауди“, кое тој го управувал, пронајдена е поголема количина брендирана стока, без соодветна документација.
По документирање на случајот, против Д.Ц. ќе биде поднесена кривична пријава по чл 285 ст.1 од КЗ.