
Запалиле паркирано возило, па избегале – две лица од Скопје добија кривични
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ј.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и против М.Р.(26) од село Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со „предизвикување општа опасност“.
На 22.06.2022 во Скопје, првопријавениот предизвикал пожар на паркирано патничко возило „ауди“, сопственост на С.А. (38), по што со возило на второпријавениот двајцата го напуштиле местото.

