
Запалено возило во Сарај, полицијата истражува дали е користено за бегство на пукачот на Штекли во Ист Гејт
Во неделата е најдено запалено возило во Сарај за кое полицијата истражува дали било користено за бегство по нападот во Ист Гејт Мол каде непознато лице ги застрела Раде Трајковски попознат како Штекли и Димитар Трајчов викан Колумбо, пишува Телма.
Според потврдени информации на КОД на Телма, по нападот врз Штекли, пукачот излегол од трговскиот центар, поминал низ подвозникот кај хотел Континентал и на булеварот во близина на општина Гази Баба се качил во црно ауди без регистрации, по што му се губи трага.
Досега, истрагата официјално не е известена дали крим техника потврдила дека станува збор за автомобилот за бегство.
ФОТО: Илустрација