
Запалено возило во Гази Баба, пожарот зафатил и две приколки!
На 24.02.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје К.Н. пријавил дека на царински терминал на подрачјето на Гази Баба било опожарено товарно возило „мерцедес“ со босански национални ознаки со полуприколка, сопственост на правно лице, а паркирано од В.М.(35) од Босна и Херцеговина.
Од настанатиот пожар зафатена биле приколка со скопски регистарски ознаки, паркирана од Д.Ј.(39) од Скопје и приколка со велешки регистарски ознаки, паркирана од С.Г.(53) од Велес.
Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

