Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Занаетчиите станаа ендемски вид: Младите не сакаат да работат ниту за 150 евра дневница, старите мајстори работат и кога се во пензија
Македонија

Занаетчиите станаа ендемски вид: Младите не сакаат да работат ниту за 150 евра дневница, старите мајстори работат и кога се во пензија

13/03/2024

AA

Најголемиот дел од младите во Македонија сонуваат да работат во ИТ секторот, правото и економијата, но не и во занаетчиството затоа што сметаат дека е тешко и неисплатливо иако во последните 10 години дефицитот на квалитетни кадри и побарувачката за нив беа причина одредени занаети да се меѓу најплатените професии.

Автолимарот Момчило од Велес повеќе од 30 години поправа автомобили и занаетот го наследил од својот татко. Момчило подолго време бара млад работник на кој ќе му ги пренесе сите тајни на занаетот, но безуспешно. Подготвен е да го обучи бесплатно иако е свесен оние што набрзина го испекле занаетот во Македонија често заминуваат во странство.

– Со години барам некој млад човек за да го научам на тајните на занаетот, но младите не се заинтересирани да вршат на поправки на автомобили. Неколку млади лица доаѓаа на летна работа за да видат како се работи, но на младите им е тешко да стануваат рано наутро и да работат во комора за фарбање автомобили на топло време. Со зголемениот број на автомобили овој занает носи добри приходи, но младите не сакаат да работат многу и да бидат извалкани по цел ден – рече автолимарот.

Поради дефицотот на кадри, во некои занаети мајсторите мора да одработат некоја задача и откако ќе заминат во пензија. Некои од нив не сакаат да ги одбијат клиентите затоа што им биле редовни години наназад.

Занаетчиите сметаат дека и во Македонија добро се заработува и не мора да се замине во Германија и Швајцарија каде што се работи за минимална плата. Оној што е упорен и има доволно храброст може да отвори мала компанија и да аплицира за работа на поголеми проекти.

Еден од нив е Новица, 39-годишен плочкар од Куманово кој сега живее во Скопје. Тој е меѓу ретките мајстори што не заминале во странство ниту пак планираат да ја напуштат земјата.

“За оние што сакаат да работат и тука има многу работа. Наплаќам 15 евра од квадрат за плочки, а денес залепив 10 метри квадратни. Заработив 150 евра дневница за осум часа. Зошто би одел во странство кога и тука може да ви биде Германија “, истакна плочкарот.

Државата нема евиденција колку во последните години е намален интересот на младите за работа во занаетчиската дејност.

Од Агенцијата за вработување промовираат мерки за вработување во рамки на Оперативните планови на годишно ниво, посебно за младите невработени лица до 29 години како што е финансиската поддршка за самовработување и се вршат бесплатни обуки за вештини.

За младите занаетчии постои финансиска поддршка за самовработување и се вршат обуки за подобрување на вештините. Висината на финансиската поддршка се движи од од 5.000 до 10.000 евра.

Министерството за економија почнувајќи од 2010 година го поддржа занаетчиството преку 41 проект на занаетчиските комори во вкупна вредност од 340.000 евра, но тоа беше премалку за да се мотивираат младите наместо дигитални вештини да учат занаетчиство.

Дефицитот на кадри и изумирањето на старите занаети се обиде да го сопре и Град Скопје со субвенции за педесетина занаетчии, меѓу кои јорганџија, ковач, лимар, шапкар, копчар, свеќар.

Тие добија субвенции по 10.000 денари кои не се доволни да се покријат месечните режиски трошоци.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy