
„Замрзнувачка магла“ го окова Скопскиот аеродром – видливоста е критично намалена
Ситуацијата на Меѓународниот аеродром Скопје останува непроменета и критична за одвивање на авиосообраќајот. Најновиот метеоролошки извештај регистрира исклучително лоши услови кои директно влијаат врз можноста за слетување и полетување.
Утринава е регистрирана појава на „замрзнувачка магла“, која во комбинација со минусни температури создава дополнителни проблеми (потреба од одмрзнување на авионите).
Според официјалните мерења:
Надлежните служби засега не најавуваат скорешно подобрување на временските услови, што значи дека блокадата на авиосообраќајот и доцнењата најверојатно ќе потраат во текот на претпладнето.
