Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ДОЦНИ, АМА ДОБРО ШТО ГО ДОНЕСОА – Експертите велат „Владата мора да ги штити граѓаните“
Економија

ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ДОЦНИ, АМА ДОБРО ШТО ГО ДОНЕСОА – Експертите велат „Владата мора да ги штити граѓаните“

20/09/2023

AA

Дали намалените и
замрзнати цени кои би требало да започнат да се применуваат од денеска ќе
придонесе да се намали ценовниот притисок врз граѓаните? Ќе се ублажи ли ударот
врз животниот стандард на мнозинството жители во земјата или напротив нивниот
ефект ќе биде минорен?

Граѓаните
продолжуваат да негодуваат, поскапувањата значително се чуствуваат, редовно се
споделуваат приказни колку повеќе храна и пијалоци се купуваа отколку што можат
да си дозволат овие денови.

Експертите велат
мерката е позитивна, но е задоцнета, сепак, очекуваат да има позитивно влијание
и врз граѓаните, и потенцираат дека Владата треба редовно да презема мерки кои
ќе ги регулираат случувањата на пазарот, во насока на заштита на граѓаните.

– 
Замрзнувањето на цените на
одредени прехранбени производи е задоцнета, но позитивна реакција на
државата при постојната состојба на пазарот. Задоцнета е бидејќи во
меѓувреме, додека државата не реагираше, сопствениците на производни и
трговски капацитети трупаа ектрапрофити на сметка на граѓаните.
Позитивна е, бидејќи ќе се одрази позитивно не само врз стандардот на
граѓаните, туку и ќе придонесе за стабилизација на инфлацијата. Ако може
Народна банка постојано да внимава на инфлацијата преку контрола на
каматните стапки, и Владата може тоа да го прави преку замрзнување на
цените на оние стоки на пазарот каде што има преголема разлика меѓу
производната и продажната цена – вели професорот Здравко Савески за Фактор.

Савески појаснува дека со
замрзнувањето на цените не се решаваат сите проблеми на граѓаните, ниту пак
може да се очекува драстично подобрување на животниот стандард на граѓаните,
сепак, е добра одлука, која е во насока на заштита на граѓаните. Нашиот експерт
исто така истакнува дека граѓаните и самите треба да внимаваат и да не
потпаѓаат под маркетиншки трикови, ако сакаат да си го зачуваат стандардот.

– 
Самата мерка на
замрзнување на цените сигурно не е магично стапче. Таа
може да придонесе кон одредено одржување на
животниот стандард, но нема
моќ него драстично да го подигне. За позначајно
подигнување на животниот
стандард треба организирање на работното место за
борба за повисоки
плати, а исто така треба поголемо внимавање околу
семејните расходи. Ако
луѓето не потпаѓаат под интензивниот маркетинг што
ги наведува на
импулсивно купување непотрепштини и ненужно
задолжување, материјалната
состојба на домаќинствата може да забележи
значителен напредок – посочува Савески.

За потсетување, вчера владините
претставници објавија дека одлуката за замрзнување и намалување на цените е
донесена и истата ќе почне да се применува веднаш штом се објави во Службен
весник. Точната листа на производи
кои се опфатени со последната мерка на Владата може да ја видите на следниов
линк.

Како
што беше најавено со одлуката се опфатени стотици прехранбени производи од 25
категории меѓу кои пекарски производи, тестенитни, месо, млечни производи,
ориз, свежо овошје и зеленчук…

Утврдено
е дека оваа мерка ќе важи најдоцна до крајот на ноември, но беше најавено дека
може да се продолжи ако има потреба. Производите кои се опфатени со мерката ќе
се продаваат под ознаката „гарантирана цена“. За да се обезбеди снабденост со
производи во продавниците и маркетите, Владата ги обврза трговците задолжително
да обезбедат најмалку 70 отсто од количините кои ги обезбедувале во август.

Што се
однесува до најавите за укинување на акциите, за нив беше посочено дека се
повлекуваат од оваа најава, па ќе бидат дозволени акции со пониски цени од
замрзнатите, а доколку се тоа акции за измнување на рокот, трговците се обврзни
тоа да го означат.

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy