Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заменик-претседателката на ДКСК: Не се чувствуваме повикани да си дадеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност
Македонија

Заменик-претседателката на ДКСК: Не се чувствуваме повикани да си дадеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност

30/04/2025

AA

Членовите на Антикорупциската комисија немаат намера да поднесат оставки поради индивидуални постапки што не ги засегаат сите – појасни Билјана Каракашова-Шулев, заменик-претседателка на ДКСК, по повиците за оставки на целиот состав откако претседателката Татјана Димитровска стана осомничена во случајот „Адитив“.

Во однос на повиците за оставка на Димитровска, пак, Каракашова-Шулев во интервју за „Призма“ вели дека како членови не можат да говорат во име на претседателката.

„Свесни сме за сериозноста на ситуацијата и вложуваме максимални напори внатре во институцијата да ја надминеме, но истовремено мора да внимаваме и на пресумпцијата на невиност, која е загарантирана за сите граѓани вклучително и за избраните и именуваните лица. Во однос на повиците за оставка на претседателката, не можеме да коментираме во нејзино име и од нејзина позиција. Сметам дека таа лично треба да се произнесе во однос на тие повици. Во однос на прозивките за оставки од членовите на ДКСК, не се чувствуваме повикани да дадеме оставки за постапки што се водат за индивидуална одговорност“, вели Каракашова-Шулев.

На прашањето дали како членови на ДКСК размислувале или веќе прават проверки на предметите што се сработени во периодот откако Димитровска е на чело на институцијата, Каракашова-Шулев вели дека нема потреба да се проверуваат одлуките што се донесени колективно на јавна седница на Комисијата.

„Во моментов цениме дека на оние одлуки што се донесени колективно од комисијата на јавна седница нема потреба да им правиме проверка затоа што и во моментов немаме подетални информации од оние што се објавени во јавноста. Конкретниот настан е во надлежност на правосудните органи и тие мора да го расчистат случајот, а ние во меѓувреме ќе работиме на внатрешни контролни и превентивни механизми. И двата предмета што досега беа одбиени од актуелниот состав на ДКСК поврзани со случајот ‘Адитив’ се донесени колективно на јавна седница од комисијата и се согласно законот и деловникот. Во изминатиот период презедовме мерки во институцијата, врз основа на она што се достапни информации за изречените забрани“, вели заменик-претседателката на Антикорупциската комисија.

Таа додава оти ДКСК останува целосно функционална и посветена на исполнувањето на своите законски надлежности и покрај актуелната, како што вели, сериозна и загрижувачка ситуација.

Една недела откако беше осомничена во случајот „Адитив“, првата антикорупционерка Татјана Димитровска денеска по првпат се произнесе за случајот, притоа не наведувајќи дека би поднела оставка од функцијата.

Осврнувајќи се за улогата во случајот „Адитив“, во кој Обвинителството ја сомничи за оддавање службена тајна на еден од обвинетите, Димитровска вели дека комуникацијата со лицето за кое вели дека ѝ е семеен пријател, а кое подоцна било обвинето во случајот, се водела во период пред почетокот на постапката против него. Разговорите, како што рече, немале никаква поврзаност со предметот „Адитив“ чија истрага ја води ОЈО ГОКК.

ФОТО: Призма

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на

25/10/2026
Македонија

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА

25/10/2026
Македонија

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени

25/10/2026
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Загина 58-годишен возач

25/10/2026
Македонија

ДО 12 ЧАСОТ НА ГЛАСАЊЕ ИЗЛЕГЛЕ 5,8% ОД ГЛАСАЧИТЕ Скромен

25/10/2026
Македонија

СЛУЧАЈНО СО ПИШТОЛ ГО РАНИЛ СВОЈОТ ДРУГАР ВО СТОМАКОТ Малолетник

25/10/2026
Македонија

ТРАКТОРСКИ МЕХАНИЗАМ ЈА ПОВЛЕКОЛ ЖЕНАТА ВО НИВА Тешко повредена 46-годишна

25/10/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР ПРОНАШОЛ И ВРАТИЛ ПАРИЧНИК СО ОКОЛУ 4.000 ЕВРА Пример

25/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46363
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места

25/10/2026

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на

🎥 ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГО ОЛЕСНИМЕ ДИЈАЛОГОТ СКОПЈЕ – СОФИЈА Амбасадорот Ле Риголер тврди дека

25/10/2026

Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели

ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ГЛАСАЊЕ КАЈ СРПСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ ВО МАКЕДОНИЈА Пријавени се 1.438 за гласање во

25/10/2026

Во Македонија 1.438 српски државјани се пријавија за да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен е бројот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy