Политички земјотрес во Србија! Вучиќ призна пораз, студентите се на пат до 140 пратенички места во парламентот!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го призна поразот на неговата политичка опција на вонредните парламентарни избори одржани оваа недела, на 25 октомври, изјавувајќи дека студентската листа се очекува да освои мнозинство во новиот парламент.
Во обраќањето до граѓаните по затворањето на избирачките места, Вучиќ истакна дека, според прелиминарните резултати засновани на статистички примерок, студентската листа би можела да освои меѓу 135 и 140 пратенички места во парламентот со вкупно 250 места.
„Јасно е дека ги загубивме овие избори“, изјави Вучиќ, признавајќи ја предноста на своите противници.
Според бројките што ги презентираше српскиот претседател, студентската листа освоила околу 2,2 милиони гласови, додека политичката опција на Вучиќ добила околу 1,72 милиони гласови. Се очекува неговата политичка опција да има околу 105 пратеници во новиот парламентарен состав.
Вучиќ посочи дека во парламентот се очекува да бидат застапени и националните малцинства. Тој спомена три пратенички места за претставниците на унгарската заедница во Војводина и едно место за Албанците.
Сепак, тој нагласи дека резултатите сè уште не се конечни и дека објавените бројки се засноваат на прелиминарни податоци.
Доколку овие проекции се потврдат, тоа би значело значајна промена на политичката сцена во Србија, со значително парламентарно присуство на студентската листа./Novina