Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заложници на дива рампа: Хаос на „Варшавска“ – Улица блокирана со обичен допис, Брза помош и Пожарна не можат да припарат до зградите
Македонија

Заложници на дива рампа: Хаос на „Варшавска“ – Улица блокирана со обичен допис, Брза помош и Пожарна не можат да припарат до зградите

16/12/2025

AA

Жителите на „Варшавска 19А“ во скопската населба Тафталиџе се ставени во опасна стапица. Диво поставена рампа, одобрена не со решение, туку со обичен допис од неовластено лице од Општина Карпош, целосно го блокира пристапот до нивните домови. Додека институциите си ја префрлаат топката, граѓаните стравуваат: „Што ако избие пожар или некому му се слоши?“

Скандалот добива на тежина со фактот што рампата не е поставена на приватен имот, туку на Катастарска парцела 3005/1 (Имотен лист 4918), која е сопственост на Република Северна Македонија и која според Деталниот урбанистички план (ДУП) е УЛИЦА.

Според документите, сопствениците на станови од соседната зграда („Варшавска 19“) побарале поставување на рампа. Наместо законска процедура, добиле „зелено светло“ преку обичен спис во форма на одговор, потпишан од Шеф на кабинет во Општина Карпош – лице кое нема законски овластувања да издава одобренија за поставување урбана опрема.

Овој „документ“, кој не е ниту Решение, ниту Дозвола, послужил како алиби за узурпација на јавна површина – улица.

Жителите на блокираната зграда (19А) веќе десет дена водат битка со институциите, но наидуваат на ѕид од молк:

Иако законскиот рок за постапување по пријава за вонреден надзор е веднаш (најдоцна до 10 дена), институциите молчат.

Врвот на апсурдот се случил на 10.12.2025 година. Инспектор од Град Скопје излегол на терен и констатирал дека рампата е поставена незаконски.

Меѓутоа, решение за отстранување нема. Според станарите, раководител на одделението во Град Скопје (посочен како Љубе), телефонски ги известил дека „нема да донесат решение за отстранување“. Образложението? Ова бил „генерален проблем на ниво на град“ кој ќе се решавал системски со зонско паркирање. На прашањето како до тогаш ќе пристапат возила на Брза помош, Противпожарна бригада или ЦУК во итна ситуација, одговор немало.

Соочени со директна загрозеност на безбедноста и имотот, станарите на „Варшавска 19А“ велат дека немаат друг избор. Тие најавуваат масовен протест и блокада на улицата доколку надлежните итно не ја отстранат незаконската пречка што го дели нивниот дом од остатокот на светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy