
Законот за амнестија носи слобода од затвор за: Сеад Кочан, двајца осуденици од „Монструм“, еден од ИСИС и осуден за грабеж на банка
Ако се донесе законот за амнестија кој вчера Министерството за правда го објави јавно, според наши извори, ќе бидат амнестирани:
Од Министерството за правда велат дека тие немаат список кои од осудените ќе бидат ослободени, односно кои и колкумина сторители на лесни кривични дела ќе бидат ослободени или ќе им се намалат казните за 30 отсто.
Законот за амнестија, по усогласувањето со секторот законодавство, доби зелено зветло од Владата и се очекува деновиве по скратена постапка да влезе во собраниска процедура. Како што веќе објавивме, министерот Лога минатата недела ја напуштил владината седница и се заканил со оставка ако законот не помине на Влада.
