Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен
Економија

Законот изгласан, но бизнис секторот не се предава: Законот за „неплаќачи“ ќе го оспориме пред Уставен

21/09/2023

AA

Законот за солидарен данок е изгласан во Собранието на почетокот на оваа недела, но бизнис заедницата и натаму не се помирува, потенцирајќи дека се „удира врз успешните“. Од друга страна, државата еднократно сака да им наплати данок на екстра профит, оти сега е време да возвратат и да придонесат за ублажување на последиците од ценовната и енергетската криза.

Се работи за еднократна давачка, што државата ја воведува за компаниите кои во 2022 оствариле поголем приход од 10 милиони евра. 

Стопанската комора на Северна Македонија ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за оспорување на Законот за солидарен данок. Ова веќе го најави претседателот на Комората, Бранко Азески, синоќа во своето телевизиско гостување. Во интерју за ТВ Телма рече дека ова ќе биде трет закон за две години што Стопанската комора ќе го оспори пред Уставниот Суд, како и тоа дека забрзано се носат закони за потребите на изборите.

– Затоа што, очигледно е дека ниту губењето на изборите ја убива нивната волја за власт, ниту критиките што ги упатуваме, ниту сериозните полнења на затворите, тие повторно си продолжуваат. Доаѓаат нови, се регрутираат сили коишто не сакаат да работат, не сакаат да се вклучат во процесите, туку најдобро им е преку партиските агенди, преку партиските активности практично да егзистираат во овој момент, рече Азески.

Најголемиот аргумент кој го имаат претставниците на крупните бизниси е дека станува збор за селективен пристап од страна на Владата, како и тоа дека голем дел од добивките не се остварени од кризата, туку како резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и други пазарни услови.

Според евиденцијата на Управата за јавни приходи, лани речиси 200 компании пријавиле приход поголем од 10 милиони евра и се очекува од нив во буџетот со данокот на солидарност да се слеат 77 милиони евра.

Бизнис-заедницата неофицијално се противи и на тоа што ова законско решение е донесено со европско знаменце, односно по скратена постапка и без консултации со секторот. Велат дека критериумот е чуден ако се знае дека ќе се даночи делот од добивката на овие компании кој е поголем од просекот од претходните години. 

– Од 2018, од кога се мери просекот на добивките според овој Закон, секоја фирма, и мала и голема, има раст. Која фирма нема раст? Нормално е една компанија постојано да напредува во бројките и секако добивките ќе бидат поголеми од претходните години, вели разочараните инвеститори.

Нивните аргументи се и дека ваков пример има само во неколку европски земји и во никоја од регионот. При тоа, екстра данокот важел само за специфични таргетирани ситуации, како што е примерот со енергетскиот сектор.

– Тој што плаќа данок е дестимулиран, а стимулиран е тој што не плаќа, бидејќи во земјава и тоа како има простор да се наплатат даноци во сивата економија. Најмногу од ова се погодени странските инвеститори кои вложуваат во земјата. Општо познато е дека тие не сакаат „правна“ несигурност, импровизации и непредвидливост, велат управителите кои сакаат да останат анонимни.

Бизнисмените низ неформален разговор сублимираат дека со ваквата владина политика само се стимулира сивата економија и селење на бизнисите во странство. Општ заклучок за нив е дека овој изгласан закон треба да заврши како измените за прогресивно оданочување, кое требаше да започне во 2020, но прво беше одложено, а потоа целосно отфрлено.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy