Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“
Економија

„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

14/05/2025

AA

Денес, во Собранието беше изгласан
новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги
поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија
конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на
енергетиката.

Министерката за енергетика,
рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред
пратениците нагласи:

„Законот што денес го донесовме претставува
визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста,
одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и
бара одговорност.“

Законот е подготвуван во широк,
инклузивен процес кој опфати институции, експерти, бизнис сектор, оператори,
регулаторот и други заинтересирани страни. Преку 61 амандман во редовна
законодавна постапка, се доби решение кое го унапредува квалитетот, прецизноста
и применливоста на законот.

Новиот Закон за енергетика е
компатибилен со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви, а
содржи неколку клучни столбови:

  • значајно зголемување на
    уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка;
  • поголема енергетска
    ефикасност и намалување на загубите;
  • отворен енергетски пазар во
    кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи,
    членови на енергетски заедници.

Особено внимание е посветено на
социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите
категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за
сите.

Законот нуди стабилна,
транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне
капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема
интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи, и овозможува нови
инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација,
гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура.

„Енергијата не е само моторот на
економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме
вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“
истакна министерката Божиновска.

Овој закон е повеќе од нормативен
акт – тоа е патоказ за иднината. Шанса што, како што рече министерката, не
смееме да ја пропуштиме.

Министерството ќе продолжи активно
и одговорно со имплементацијата на законот, со силен фокус на резултати што
директно ќе се почувствуваат од страна на 
граѓаните и стопанството. Законот е усвоен – следува спроведување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy