
Закажани два конгреса на Алијанса за Албанците
Продолжуваат превирањата во Алијансата за Албанците. Откако се одржаа два состанока на Собранието на партијата, сега се закажани и два конгреса. Првиот вонреден што го свика лидерот Таравари за денеска, вториот на Села, закажан за викендов.
Во објава за конгресот Таравари на социјалните мрежи напиша: „Промената почна“.
Конрес најави и Зијадин Села, кој не се согласува со Таравари за приклучување кон опозицискиот блок и се залага партијата да настапи самостојно.
Села објави дека конгрес ќе се одржи в недела и нема промена во датумот и локацијата. Одејќи контра Таравари, Села пишува: Секоја друга информација што кружи, освен оваа официјалната, е лажна и е обид за измама и дефокусирање на членството.