
Захарова вели Западот е против Србите и тие се „демонизирани“ за Сребреница
Неприфатлива e демонизацијата на Србите за Сребеница, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Таа реагира за терминот дека Србите се „геноциден народ“.
„Демонизацијата на Србите е во спротивност со меѓународното право и не придонесува на постигнување вистински меѓунационален мир“, кажа Захарова.
Таа ја повика јавноста настаните од периодот од 1992 до 1995 година да не ги толкуваат политичарите, туку научниците и историчарите.
„Политизацијата на овие прашања само ја засилува меѓунационалната напнатост и не може да помогне во решавањето на задачите кои се однесуваат на јакнењето на мирот и безбедноста во регионот“, порача портпаролката на руското МНР.
Захарова истакна и дека во последните денови во медиумите во Босна и Херцеговина се пласирале различни измислици за ставот на Русија за Сребреница.
За состојбата на српското население на Косово вели дека е тешка и дека се влошува. Таа вели дека Западот секогаш бил насочен против Србите.

