
Захариевски нов тренер на Воска!
Поразот од Шкупи му пресуди на Радовиќ кој доби отказ, а задачата да ја спасува Воска од испаѓање ќе ја има Срѓан Захариевски.
Договор меѓу двете страни е постигнат, наскоро ќе следува и официјална промоција.
Срѓан Захариевски беше креаторот на шампионскиот тим на Струга од која доби отказ додека беше лидер во првенство.
Поранешниот македонски репрезентативец сега се враќа на работа, повторно покрај охридското езеро, овојпат како предводник на Воска.
Захариевски во својата тренерска кариера ги водеше и Металург и Пелистер.
