
Загрижувачко предупредување: „Целиот Блиски Исток може да биде во пламен“
Шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека целиот Блиски Исток може да заврши во пламен.
„Меѓународната заедница мора да наметне решение за конфликтот меѓу Израел и Хамас бидејќи двете страни не можат да се договорат“, изјави шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.
„Верувам дека во овие 30 години научивме дека решението мора да се наметне однадвор, бидејќи двете страни никогаш нема да можат да постигнат договор“, рече Јосеп Борел во Лисабон, според Скај њуз.
Тој исто така предупреди дека ако оваа трагедија не заврши наскоро, целиот Блиски Исток може да заврши во пламен.
Разговорите досега доведоа само до привремени прекини на огнот, а сега се стравува дека конфликтот би можел да ескалира по убиството на високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури.
